Котевски: Приведени се неколку јатаци и изведени на суд

од desk3
126 прегледи

Голема полициска акција се одвива утрово за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље.

ivo-kotevski

МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери.

– Утринава почна обемна акција за пронаоѓање и за лишување од слобода лица, соработници и логистичари на криминално-терористичката група од Диво Насеље. Веќе се приведени неколку јатаци и во согласност со договорот со надлежниот обвинител за гонење организиран и сериозен криминал, веднаш ќе се носат пред судија. Продолжуваат уште неколку претреси во Скопско и во Кумановско – изјави за „Мета“, помошникот министер за внатрешни работи, Иво Котевски.

 

META