Коцевски: Ќе го реновираме поранешниот офицерски дом и ќе направиме национален ресторан и младински културен центар

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Аце Коцевски, кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ и коалицијата денеска во изјава за медиумите рече дека на градот му е потребен хотел во централното градско подрачје, како и национален ресторан.

Тој порача дека зградата на поранешниот офицерски дом, која е целосно руинирана и запуштена повторно ќе ја добие старата функција и ќе биде национален ресторан, а објектот со неговата доградба и наградба ќе добие и други функции. Коцевски предвидува местото да биде младински културен центар, надграден со хостел во кој би се нудело евтино сместување.