„Нема да се кандидирам за нов мандат. Мислам дека е доволно ова што го сторив за граѓанките и граѓаните на Велес. Се надевам дека еден дел од работите кои сега ќе ги започнеме, ќе ги завршиме“, изјави актуелниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски за емисијата „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека му преостанува да се фокусира да ги доврши започнатите проекти до крајот на мандатот.
„Најголем предизвик ни е изградба на нов градски, затворен зелен пазар. Утре или задутре ќе биде јавното наддавање. Вчера добив една убава вест од Министерството за животна средина и просторно планирање дека Велес и Штип се влезени во ИПА 3 програмата за изградба на колекторски системи и прочестителни станици. Успевме да дојдеме до целосна техничка документација за изградба на секундарна мрежа за гасификација на Велес. Во моментов се водат преговори со компании кои се заинтересирани да оперираат со гасоводните системи“, најави Коцевски.