Коцевски: Во Велес има проституција на јавни простори, МВР да истражи

од Берта Китинска
362 прегледи

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски извести дека испратил барање до МВР да ги испита информациите кои гиима добиено од страна на жителите од градот дека во одредени населби, има проституција на јавен простор.

„Имав средба со граѓани кои што живаат во Чешелот, тие реагираат на неподносливите услови за живеење во текот на ноќните часови кои ги предизвикуваат незадоволните коцкари кои ги користат машините во казината кои се наоѓаат во поранешната Стоковна куќа. Беше изнесено дека дури има и проституција на јавен простор, што за мене беше вознемирувачка информација. Има поплаки заради големата галама што се прави во ноќните часови, што им го загрозува квалитетот на живење на граѓаните кои што живеат во зградите на фонтаната и кружниот тек во нова населба “, изјави Коцевски.

Тој додаде дека испратиле порака до МВР во текот на ноќните часови да прават засилени контроли на овие места, кај што најчесто се собраат младите.

Слични содржини