Коциќ: 5 отсто повисоки плати за сите вработени во здравството

од Vladimir Zorba
307 прегледи

„Пандемијата со коронавирусот покажа дека инвестциите во јавното здравство се инвестции во здравјето и иднината на нашата држава. Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани. Платите на сите вработени во здравството се зголемуваат за пет отсто, почнувајќи веќе од овој месец“, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година. За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто“, посочува тој.

Слични содржини