Коциќ: Гласно ечеше македонскиот јазик во ЕУ, државничка одлука на мнозинството пратеници

од Nikola Popovski
165 прегледи

Македонското Собрание, со поддршка од мнозинството пратеници, донесе државничка одлука што обезбедува европска иднина за сите наши граѓани со заштитен македонски јазик, идентитет и култура. Целата јавност можеше да види во Брисел дека македонскиот јазик е веќе дел од институциите на Европската унија, на официјалните канали на Унијата, изјави на прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Коциќ потенцира дека „гласно ечеше македонскиот јазик во ЕУ“.

-Од друга страна се уште има молк од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за срамното нивно прифаќање на ознаката НМК за време на самитот на ЕПП. Тоа е голема разликата. Македонски јазик во ЕУ наспроти НМК на Мицкоски на конгресот на ЕПП.

Како парламентарно мнозинство им честитаме на сите граѓани и упатуваме благодарност до сите пратеници кои со својот глас ЗА придонесоа за реализација на втората стратешка цел на државата – членството во ЕУ. За разлика од нив, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа од салата и воопшто не собраа храброст ниту да гласаат, кажа Коциќ во своето обраќање.

Слични содржини