278
Ова е ново сценарио. ВМРО-ДПМНЕ само сака да предизвика инцидент во Собранието. Нема поддршка од јавноста за оваа активна блокада. Работата на пратениците е закони во интерес на граѓаните. Ова што сега се случува е создавање на инцидент во кој што тие би се претставиле како жртви. Тие испади и упади кон Џафери… Да не се лажеме, вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.
Коциќ смета дека владината коалиција е стабилна и дека ќе продолжат со работа.
-Секој си одговара за своите последици. Јавноста ги прочита ВМРО-ДПМНЕ и Џафери им кажа дека нема да дозволи да се повтори 24-ти декември кога пратениците на СДСМ беа исфрлен како празни куфери од Собранието, потенцира Коциќ во гостувањето на емисијата „24 анализа“.