Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач изјави дека целта на неговиот тим во пресрет на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Барселона е да блесне и да оствари триумф.
По дебаклот во првиот двомеч, Борусија одигра нерешено во „Дер Класикер“ – мечот против Баерн кој го одбележа 29. коло во Бундес лигата.
Kлубот ги пречекува Каталонците на својот стадион во реваншот закажан за вечерва, но заостануваат четири гола.
Борусија на претстојниот натпревар ќе биде без капитенот Емре Чан, играчот од средниот ред Марсел Сабицер и дефанзивецот Ник Шлотербек.
„Емре стисна заби и играше иако имаше болки – тоа морам повторно да го истакнам. Свесни сме во каква ситуација се наоѓаме и како одигравме на првиот натпревар“, изјави Ковач и додаде: „Во реваншот сакаме да ја покажеме нашата друга страна и да победиме. Исто така знаеме дека Барселона нема ниту еден пораз оваа сезона – што го прави патот до нивниот гол уште потежок“.
Дуелот Борусија – Барселона е закажан за 21 часот.