Благодарност до Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел за неговата лична заложба и поддршка за Република Северна Македонија да добие датум за преговори без понатамошни одлагања, изјави премиерот Димитар Ковачевски кој одржи заедничка прес-конференција со Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел.
Тој напомена дека со Бугарија се воспоставени нов принцип на соработка.
-Северна Македонија, како членка на НАТО и земја-кандидат уште од првите денови на конфликтот силно ја осудивме воената агресија на Русија врз Украина и ги активиравме санкциите кон Руската Федерација во линија на нашите сојузници од ЕУ, САД и НАТО.Во овој контекст, Европската Унија и сите земји членки треба да делуваат стратешки и храбро и да повикаат на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.Брзата интеграција на Северна Македонија и регионот ќе обезбеди стабилност, но и развој на Европа. Јас и мојот колега, премиерот на Бугарија воспоставивме нов принцип на соработка. Градиме мостови на пријателство, отвораме нови можности за соработка и ги поврзуваме двете земји. Ова е вистинскиот пат по кој ќе дојдеме и до решение на спорот, кажа Ковачвески.