Ковачев: Албанија може да започне преговори за членство во ЕУ и без Северна Македонија

од Nikola Popovski
492 прегледи

„Албанија не помина низ таков процес како во поранешна Југославија и со неа имаме исклучително добри односи на сите нивоа. Албанија нема пречки да ги започне преговорите за членство по завршувањето на скринингот на Европската комисија“. Вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев одговорил на прашањето дали Албанија може да биде пример за Северна Македонија во односите со Бугарија.

Запрашан дали е логичен потег да ја направат оваа дистинкција и на Европа да ѝ кажат „Албанија нека се одвои од пакетот како кандидат од Северна Македонија“, Ковачев одговорил:

„Тоа е сосема јасно. Самиот Еди Рама неколку пати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“. Ако не можат да ги исполнат европските услови за почеток на преговори, зошто Албанија мора да биде жртва и да чека нешто, за што не е нивна вина, ниту е до нив? Албанија треба веднаш по завршувањето на овој процес на ревизија на законодавството, најдоцна до крајот на годината, да ги започне вистинските преговори за членство во ЕУ. Ако дотогаш Северна Македонија нема храброст да ја промени својата устав, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од самата држава“, рекол бугарскиот европратеник во интервју за бугарски „Актуално“.

Слични содржини