Ковачев бара остра реакција од бугарската влада поради изјавата на Мицкоски дека Софија се однесува кон Скопје исто како Москва кон Киев

од Nikola Popovski
227 прегледи

„ВМРО е бугарска револуционерна организација и според овој срамен чин денеска во парламентот во Скопје треба да се забрани и како организација чие првобитно име е Бугарско-македонско-одрински револуционерен комитет, потоа стана Таен македонско-одрински револуционерен комитет, а дури потоа Внатрешна Македонско-Одринска револуционерна организација. Бугарската организација ВМРО, која ја предводел Иван Михаилов, била до 1990 г. Сега лидеро на ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да се забранат сите организации што имале врска со Бугарија. … Во Скопје се вратија во 1944 – 1945 година, кога ако кажевте дека сте Бугарин, ќе ве сместеа во затвор и ќе ви го конфискуваа имотот. … Да не беше толку тажно, тоа што го кажа Кристијан Мицкоски ќе беше смешно“, изјавил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „БНР“.

Тој ја коментираше синоќешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ја спореди политиката на Бугарија кон РСМ со онаа на Русија кон Украина.

„Тие ја користат пропагандата на Путин дека Украинците се нацисти и на ист начин во Скопје му кажуваат на целиот свет дека Бугарите се фашисти и затоа мислат дека имаат право да прават што сакаат – да не ги почитуваат нивните права, да го шириме говорот на омраза кон нив, да направат таква атмосфера да има луѓе што кршат табли на клубови итн. Многу е грдо што ја користат трагедијата од Втората светска војна и ужасните злосторства на Хитлерова Германија за да прават пропаганда против Бугарите“, коментира Ковачев.

Тој беше дециден дека треба да има многу остра реакција од бугарската влада и дека бугарското МНР треба јасно да се каже дека тоа не е добрососедство.

Слични содржини