Ковачев: Бугарската позиција кон Северна Македонија е исклучително европска

од Vladimir Zorba
405 прегледи

Во заедничкиот европски дом не можат младите луѓе во Северна Македонија да учат лаги и да го мразат соседот, вели европратеникот Андреј Ковачев во интервју за бугарската агенција „Фокус“, во врска со односите на двете земји.

Тој посочи дека големата идеја на ЕУ е да се надмине омразата и конфликтите преку соработка и трпеливост.

„Бугарската позиција е исклучително европска. Спротивно на пропагандата, која ја слушаме од Скопје и која се обидуваат да ја пренесат во Париз, Брисел и Берлин дека е националистичка. Не, таа е европска и во сржта на идејата на ЕУ“, вели Ковачев.

Истакна дека има голема желба и ќе продолжи да работи за разбирање, за надминување на омразата и против поделбите со С.Македонија.

„Најмногу сакам младите поколенија да не бидат образовани во таква омраза кон своите историски најблиски луѓе. Ние сме биле еден народ. Ние сме наследници на истите луѓе. Не е вистина дека на исто место во исто време живееле етнички Бугари и етнички Македонци. Историски, за Македонци се сметале сите кои живееле во географската област Македонија. Тие биле од најразлично етничко потекло. Мнозинството биле Бугари. Имало Грци, Турци, Власи, Албанци и други народности. За жал, по 1944 година, со многу насилство настапил процесот на разделување“, смета тој.

Слични содржини