Ковачев до Димитров: Бугарите во Македонија се дискриминирани, ниту еден не работи во државната администрација

од Nikola Popovski

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев остро го критикуваше однесувањето на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

-Никола Димитров, очигледно ги браните оние што го уништуваат мајчиниот јазик на стотици илјади Бугари од Македонија! Вие ја продолжувате политиката на културен етноцид започна во 1945 година, пишува Ковачев.

Според бугарскиот европратеник, „културната Европа не реагира против оваа фанатична кампања за уништување на зборот“.

-И покрај оваа тоталитарна политика, во комунистичка Југославија имаше храбри луѓе кои не уништуваа, туку зачуваа некои бугарски споменици. Сега се обидувате да ги избришете и нив. Лажете најбезобразно и бесрамно дека немало дискриминација кон оние кои отворено се декларираат како Бугари. Тие се предмет на закани, навреди и малтретирање. Тоа се стотици илјади граѓани! Колку Бугари (кои отворено се декларираат) има во државната администрација? НУЛА!!! Колку Срби има? Не ви прави чест да лажете најбесрамно!, вели Ковачев.

На прашањето упатено од бугарската пратеничка Екатерина Захариева за мерките што ги презема Северна Македонија за справување со случаите на дискриминација и говор на омраза против граѓаните што се изјаснуваат како Бугари, вицепремиерот Никола Димитров вчера одговори дека во Македонија нема ниту еден единствен пријавен случај за дискриминација врз основа на бугарска националност.

-Оттука, тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања ви се дел од домашна политичка битка или се резултат на некаков меур во кој сте и навистина верувате дека се врши некаква дискриминација. Северна Македонија е мултиетничка држава и за разлика од други земји од регионот, кај нас малцинствата се апсолутно признати со гарантирано право на еднаквост и на самоопределување, кажа Димитров пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што се обрати како специјален гостин на есенската сесија.

Што се однесува до говорот на омраза, тој одговорно тврди дека од страна на официјални државни претставници нема такви случаи.

Слични содржини