348
Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев го запознал словенечкиот премиер Јанез Јанша со актуелната состојба во Бугарија и со бугарскиот став во врска со почетокот на преговорите со РС Македонија, јави БГНЕС.
„Исклучително срдечна средба со премиерот на Словенија на почетокот на словенечкото претседателство. Јанез Јанша е човек со огромно искуство и двапати беше претседател на словенечкото претседателство – во 2008 година и денес“, вели Ковачев.
Бугарскиот европратеник потсети дека Јанша „поминал низ затворите на поранешна Југославија и знаеше што е југословенски комунизам“.
„Искрено му посакувам успех на словенечкото претседателство“, рече Андреј Ковачев.