„Додека Зоран Заев, Стево Пендаровски и Никола Димитров се во обиколка на европските метрополи, се жалат против Бугарија, Христијан Мицкоски директно бара поништување на Договорот за добрососедството. Вистината е дека тој и неговиот претходник, Никола Груевски, отсекогаш биле против неговото потпишување“. Ова го изјави европратеникот од ЕПП, Андреј Ковачев, пренесе БГНЕС.
„Долго време имав дилема кој од нив е поголем бугарофоб, но долго време знам дека има јасен победник на ова натпреварување и ова не е бегалецот во Будимпешта. Мицкоски мора да признае дека, за разлика од многу други тамошни политичари, кои зборуваат едно приватно, друго пред медиумите, тој е многу јасен, прецизен,, искрен и доследен … во неговата омраза кон сè што е бугарско. Вистински шампион на антибугаризмот! Злобните јазици ќе најдат еквиваленти само меѓу српските четници од почетокот на 20 век, против кои се бореше ВМОРО“, додаде Ковачев.
Причината за неговиот коментар е интервјуто на Мицкоски, во кое тој повикува на поништување на Договорот за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во август 2017 година од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев. Договорот е клучен за евро-атлантските интеграции на РС Македонија.
Во своето интервју, Мицкоски користи квалификации кон Бугарија, нарекувајќи ја„руско кнежевство“.
„Зошто е ова омраза? Како можете да ги носите буквите ВМРО и да го мразите она што биле сите основачи и револуционери на Организацијата во минатото – Бугари? И друга работа, на што се надева „војводата“ со ваква демонстративна омраза?“, реторички прашува бугарскиот европратеник.
„Колега Мицкоски, во позадина на вашата антибугарска омраза, сè – вклучувајќи лицемерие, лаги, озборувања… и неисполнување на Договорот, ќе изгледа помалку лоша алтернатива, не само за Бугарија и ЕУ, туку и за македонските граѓани. Да, сега ќе соберете поени, ширејќи омраза кон Бугарија, но ова нема да биде во прилог на Македонија, туку само на вашата себичност“, категоричен е Андреј Ковачев.