Нашиот став е дека помладите генерации не треба да се образуваат во една средина со фалсификувана историја, која наметнува омраза кон својот сосед! Ова го изјави бугарскиот европратеник од ГЕРБ / ЕПП, заменик претседател на групата ЕПП во Европскиот парламент и претседател на бугарската делегација на ЕПП во ЕП,Андреј Ковачев во програмата „Слободна зона со Георги Коритаров“ на ТВ Европа, за спорот со С.Македонија.
„Бугарија секогаш инсистирала и сè уште инсистира на преговорите да вклучат добрососедство и надминување на омраза, фалсификати, неединство. Ова мора да се постигне за време на европската интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан. Ова е основна европска вредност. Нема шанси да бидеме во една Европска унија – еден дом и во соседната соба да ви кажуваат и да ги учат младите луѓе дека соседите се окупатори и асимилатори … Ние мора да работиме заедно – да си помагаме едни на други на братски начин и да го исчистиме тоа!“, истакнува Ковачев.