Ковачев: Петков не го разбира прашањето за односите со Македонија

од Берта Китинска
321 прегледи

Петков е апсолутно неподготвен, не ја разбира темата, очајнички е површен и е подготвен да изврши национално предавство.

Ова за агенцијата БГНЕС го изјави европратеникот Андреј Ковачев, по последната изјава на премиерот Кирил Петков за односите меѓу Бугарија и С.Македонија.

Петков изјави дека сака да испрати јасна порака до сите Бугарите и луѓе во С.Македонија-со Ковачевски дека работат многу координирано, со многу фиксирани рокови.

-Си поставивме неколку етапни цели, што треба да бидат постигнати. РСМ има место во европското семјетсво, колку што е можно побргу. Нашата влада е ангажирана да го постигне тој резултат, колку што е можно поекспедитивно. Има неколку етапни цели, што треба да ги расчистиме, вклучувајќи ја и заштитата на малцинствата“, кажа Петков.

Ковачев, пак, прашува и подвлекува:

„За каква експедитивност од бугарска страна говори Петков? За какви малцинства говори тој човек? Какви меморандуми ќе потпишува? Каков напредок има историската комисија? Министерството за надворешни работи учествува ли во преговорите или е изолирано? Кој воопшто „преговара“? Само празни приказни, но тој човек може да и направи огромна штета на нашата Татковина за многу долго време! Категорично не треба да го дозволиме тоа предавство!“

Ковачев обвинува дека „во Скопје станале многу дрски, бидејќи Петков ги уверил дека ќе ги пушти“.

Слични содржини