Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев повторно објави критики до македонскиот Стево Пендаровски, овој пат после неговото гостување во емисијата „Само интервју“.
Според него, постојат 4 основни елементи од интервјуто.
„Прво, позитивната работа е што тие јавно признаваат дека без решение со Бугарија нема да има напредок кон ЕУ.
Вториот, според него, Бугарија не би можела да ја задржи својата позиција на долг рок и ќе се предаде, дека времето работело за нив?! Што може да се каже на таков државнички и мудар увид … освен да се почека уште 20 години, како со Грција, па да се види кога ќе падне Софија.
Трето, Пендаровски ѝ се заканува на ЕУ дека доколку не ја пуштат С. Македонија, евроскептицизмот во Скопје ќе се зголеми и тие ќе се преориентираат на Евроазија, наводно Русија … O tempora o mores!
И четврто, за да се реши проблемот со Бугарија, сепак, Пендаровски предлага да се вклучат во Заедничката историска комисија двајца странски експерти … Кои ќе бидат овие независни странски експерти? Можеби Пендаровски мисли на „словенечките“ советници на Заев од институтот ИФИМЕС, кои плукаа по Бугарија и бугарскиот народ? Или за некои други слични „независни странски експерти“ за плата од скопската влада и служби?
Зошто, побогу, браќа? Зошто е ова потребно? Дали прегратките на комунизмот се толку силни што не можете да ги надминете лагите и омразата од поранешна Југославија? Тоа е толку едноставно и истовремено тешко! Потребни се храбри луѓе!“, стои во објавата на Фејсбук на Ковачев.
„Се чини дека некои луѓе продолжуваат да живеат во свет со паралелна реалност или се преправаат дека се погодени. Според претседателот на Македонија, Пендаровски, најголемиот проблем беше што Скопје денес нема со кого да преговара во Бугарија за да се најде компромисно решение пред јуни“, се огласи завчера Ковачев и постави прашање до претседателот и сите што го мислат истото: „Што се чека досега за да се преговара со Бугарија и да се најде решение?“.