Ковачев: Срамни се изјавите дека Бугарија клекнала и дека во декември ќе го тргне ветото

од Nikola Popovski
364 прегледи

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев ја нарече „срамна“ изјавата на специјалниот претставник на владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски околу тоа кој е најпогоден за иден министер за надворешни работи на Бугарија.

-Срамно е што Владо Бучковски дозволува такво нешто, дефакто тој прави една услуга на тој што го споменал за потенцијален минситер за надворешни работи, бидејќи кажува дека за Македонија тој е идеален кандидат за министер. Тоа значи дека тој не е добар за Бугарија во овој конкретен случај. Срамни се изјавите на македонските политичари, професори во последните денови дека Бугарија клекнала и дека на 14-ти декември ќе ги пушти и дека се е во ред, односно дека лошите си заминаа од Софија и дојдоа добрите, вели Ковачев во изјава за бугарските медиуми.

Бучковски пред дена изјави дека најверојатно новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ќе постави свој близок човек за министер за надворешни работи, кој ќе помогне во преговорите на Бугарија со Македонија.

-Петков вика дека најдобра личност за тоа би бил Даниел Лорер, кој има исклучителни познавања и е негов најблизок соработник. Беше во неговиот кабинет кога беше министер за економија во првиот службен кабинет на Јанев. Тој е евреин, има дипломирано на Универзитетот во Тел Авив и се говори дека има искуства во преговорите и дека е идеален човек за решение. Петков вели дека тој ќе се залага за подобрување на состојбите на Бугарите во Македонија, притоа свесни дека менувањето на Уставот не е единствено решение, рече Бучковски во емисијата „Топ тема“.

 

Слични содржини