Ковачевски ѝ се заблагодари на Пирц Мусар: Сега е моментот да покажеме дека местото ни е во ЕУ

од Nikola Popovski
303 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски ѝ се заблагодари на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар за охрабрувачките тонови и силни пораки во нејзиното денешно обраќање пред пратениците во Собранието.

-Во овие пресудни мигови во нашата историја, навистина многу значат нејзините зборови на поддршка на нашиот европски пат и пораката дека мора да се забрза со евроинтеграцискиот процес бидејќи сега е вистинскиот момент.

Сега е време да покажеме заедништво, да покажеме државнички став и да покажеме дека нашето место е во Европската Унија, нагласува премиерот во објава.

Мусар денеска од Собранието порача дека чекањето не е добро ниту за Европската Унија, ниту за земјава. Како што напомена, кога Северна Македонија ќе стане членка, македонскиот јазик ќе биде официјален јазик, а негувањето на македонскиот јазик ќе биде приоритет не само на Северна Македонија, туку и на целата интеграција.

-Словенечкиот јазик е официјален јазик во ЕУ, а словенечкиот идентитет е дел од европскиот идентитет, како што и вашиот идентитет е дел од европскиот идентитет. Сите средби во Брисел се толкуваат и на словенечки јазик. Нашите пратеници во Европскиот Парламент во секое време можат да се обратат на своите колеги на словенечки јазик. Истото ќе можат да го сторат и европоските парламентарци од Северна Македонија и се разбира претставниците на Владата. Патот до ЕУ  е тежок и полн со предизвици. Северна Македонија вложува труд и резултатите се видливи, порача Пирц Мусар пред пратениците.

Слични содржини