Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на Денови на НАТО во Северна Македонија

од Nikola Popovski
129 прегледи

Денеска 27.03.2023 година (понеделник) во Клуб на пратеници со почеток во 9:00 часот претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на Денови на НАТО во Северна Македонија, во организација на Министерството за надворешни работи, а со учество на дипломатскиот кор во земјата.

Настанот се одржува на три годишнината од членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата, што е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Денеска во касарната „Илинден” во Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.