600 милиони евра не одат во контејнер затоа што веќе е изграден добар дел од патот, над 75%. Проблем е што самото проектирање и репроектирање не биле направени на квалитетен начин и затоа патот се гради 10 години, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски за недовршениот автопат Кичево-Охрид.
Ковачевски истакна дека има ревизија во однос на финансиските аспекти и во однос на процедуралните аспекти.
-Ќе биде повикан експерт за начинот на изведување на проектот. Министерството за транспорт и врски врши две анализи. Истовремено експертот ќе треба да даде кои се ефектите за начините на кои би се продолжило или би се прекинала соработката. Собранието го има изгласано договорот и сите анекси. Ќе биде предложена одлука пред пратениците бидејќи со закон ја задолжиле Владата да работи со овој изведувач од Кина. Собранието мора да ја направи промената, доколку ја има. Секоја промена значи промена на законското решение, рече премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.