Ковачевски: Ако некој медиум се препознал во она што го кажав, тогаш го има моето извинување

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека доколку некој медиум се препознал во тоа што тој го кажал на прес-конференцијата од пред два дена, и притоа има потреба од од извинување, тогаш го има неговото извинување.

„Ве уверувам дека истите ќе се основа за понатамошно унапредување на условите за работа и на медиумите и на новинарите и на известувањето. Слободата на медиумите од една страна и објективното новинарско известување од друга во демократско општество се исклучително важни и особено потребни за да се одржи и развива демократијата. За да го исполниме ова, ние како политичари имаме одговорност да создадеме простор за слободно и непристрасно делување на медиумите, услови преку кои ќе се обезбеди јакнење на слободата на медиумите, независност на уредувачките политики и самостојност на нивното работење. Од друга страна, новинарите, имајќи го предвид јавниот интерес имаат обврска објективно и целосно да ја информираат јавноста. Би сакал да повторам дека јас не посочив ниту еден медиум конкретно и тоа може лесно да се потврди преку снимката која што ја има од прес-конференцијата која беше токму во ова иста сала. Но, сепак доколку некој се препознал во тоа што го кажав и ако тоа е вистина и притоа има потреба од извинување тогаш го има моето извинување“, рече Ковачевски.

Инаку, премиерот пред неколку дена беше прашан како ја коментира изјавата на неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека Алфа и Телма се „непријатели на Албанците“, и самиот искритикува некои телевизии за тоа како се однесуваат.

Слични содржини