Знае Делчево да избере која е добрата опција за нив. Колку време му требаше на градоначалникот Трајковски да наброи што се има направено за една година за Делчево? Замислете ние што доаѓаме од Скопје, како ни е. Таму градоначалничката секунда нема да ѝ треба, бидејќи ништо нема направено. Затоа Делчево го направи вистинскиот избор, вели премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Делчево, „Силно и одлучно кон иднината“.
Ковачевски потенцира дека донеле тешки и државнички одлуки од кои зависи иднината на целата држава и граѓаните.
-Само во изминатите пет дена направивме многу важни работи. Јас бев тој кој што преговараше со Бугарија, Франција, Германија и со сите 27 земји-членки на ЕУ. Го потпишавме Договорот со Фронтекс на македонски јазик без фусноти – тоа го ветив, тоа го исполнив. Тоа се европски вредности и вистински одлуки и вистински патриотизам. Тоа е СДСМ. Четирите големи букви на Македонија се СДСМ, рече меѓу другото Ковачевски на трибината.