Ковачевски: Блаже Конески ни остави аманет – преку македонскиот јазик опстојуваме и ние Македонците

од Nikola Popovski
293 прегледи

Овде сме поради почетоците на македонската писменост, поврзана со дејноста на Охридската книжевна школа, првиот словенски универзитет во тоа време, основан токму овде, во Охрид. И со делото на нејзиниот основач, ученикот на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, кој добил бројни наследници со значаен придонес за развојот на македонската писменост, изјави премиерот Димитар Ковачевски од Охрид, каде се одржа панел дискусија „Македонскиот јазик во словенскиот свет“.

Премиерот го цитираше великанот Блаже Конески.

„Јазикот е нашата најкомплетна татковина“! Ќе рече нашиот џин Блаже Конески, а сите нам ќе ни остави аманет. Македонскиот јазик опстојал низ вековите благодарение на тоа што луѓето зборувале, раскажувале, прераскажувале и твореле, созадавале дела на македонски јазик. Преку македонскиот јазик, опстојуваме и ние Македонците. И сè додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, а ќе постои и нашата единствена татковина, Република Северна Македонија, рече меѓу другото Ковачевски.

Премиерот се осврна на македонскиот јазик.

-Вистината за признанието на македонскиот јазик, потоа во Обединените нации – и во Европската Унија, дојде со Договорот за ФРОНТЕКС, првиот ваков договор помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија, на македонски јазик, без какви и да било ѕвездички или фусноти во тој договор.

За вистината зборуваат фактите дека македонскиот јазик денес е на рамноправно рамниште со сите други јазици што се зборуваат во Европската Унија. Европското законодавство се преведува и на нашиот мајчин, македонски јазик.

Како Влада, можеби како ниту една друга влада досега во независна Македонија, ѝ подадовме рака на домашната јазична, книжевна, научна мисла и заедно одговоривме на аманетот на Конески, македонскиот јазик да го сочуваме, обезбедувајки го неговиот континуитет, кажа Ковачевски од Охрид.

Слични содржини