„Средбата со државниот секретар на САД Блинен беше исклучително пријателска, корисна и средба на која беше искажана директна, недвосмислена и силна поддршка на интеграциите на Северна Македонија во Европската Унија“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.
Тој додаде дека поддршката ја кажал Блинкен пред медиумите, на средбата, а силната поддршка беше искомуницирана и од амбасадата на САД во земјава.
„Разговаравме за конкретната помош која САД ја дава на Северна Македонија во сите свери за унапредување на нашето општество, како и за предизвикот на носење амандмани со цел продолжување на европскиот пат и отворање на поглавјата“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека во разговорите било нагласено дека е императив на сите пратеници да носат одлуки во насока на унапредување на животниот стандард, економијата и институциите за сегашните и идни генерации.
„Го информирав Блинкен дека процесот за уставните измени е отпочнат, формирана е работна група со претставници на политичките партии, без опозицијата и експерти од академската заедница кои веќе ги пишуваат предлог амандманите кои потоа ќе се најдат на јавна расправа и во Собранието“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека кога предлогот ќе се најде во Собранието одговорност е на секој пратеник да донесе одлука за подобра иднина на државата.