Ковачевски: Буџетот на пензионерите ќе биде поголем за околу 12.000 денари

од Nikola Popovski
218 прегледи

Договоривме историско зголемување на пензиите! Она што го ветивме, го исполнуваме, објави премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи после договорот со пензионерските друштва во Владата.

Споед него, со новата методологија, која ќе ги земе предвид 50% од трошоците за живот и 50% од просечната плата, пензиите континуирано ќе растат.

-На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе е поголем за околу 12.000 денари. Воедно, со пакетот финансиска помош, речиси 330 илјади пензионери ќе добијат по 1000 денари за март, април и мај. Им благодарам на сите кои што учествуваа во ова историско решение, а на нашите пензионери им посакувам здравје и среќни и радосни денови со новите повисоки пензии, потенцира Ковачевски.

 

Слични содржини