137
Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека бугарските клубови штом ги променат спорните имињата, ќе продолжат да работат согласно законите.
-Тие што нема да поднесат барање до Централниот регистар, нема да продолжат да работат согласно законите. Културните клубови треба да бидат место каде што ги зближуваат народите и граѓаните, а не да бидат места каде што со своите имиња будат негативните чувства и ги разединуваат граѓаните. Законот ќе биде спроведен во целост како што се спроведуваат сите други закони, порача Ковачевски за имињата на клубовите „Цар Борис Трети“ во Охрид и „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Клубот во Охрид пред шест дена веќе поднел барање за промена на своето име.