Ковачевски: Цената на струја во С. Македонија ќе биде една од најдобрите во регионот

од Nikola Popovski
247 прегледи

Со оглед на пресметките кои што се предадени на РКЕ, како и на пресметките кои што ги прават другите учесници во енергетскиот пазар, според првичните анализи нема да има ценовен шок за граѓаните, особено за оние оод првиот и вториот тарифен блок. Тоа се граѓани кои што штедат повеќе и помалку трошат електрична енергија, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски за евентуалната промена на цената на струја од 1-ви јануари 2023 година.

Тој додаде дека во третиот тарифен блок ќе има мала промена во цената, додека во четвртиот тарифен блок цената на електричната енергија ќе биде зголемена.

-На крајот ќе добиеме цена која како и досега, ќе биде една од најдобрите во регионот и пошироко, истакна премиерот како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини