Цените на производите се намалени до 10% и тоа може да се види секаде. Исто така кај месните производи има намалување од 5 до 12% кај најголемите производители. Тоа значи дека мерките кои што ги презеде Владата вродија со плод, а исто така ако ги видите и месечните стапки на инфлација ќе видите дека два месеци по ред, се намалува стапката. Годишната инфлација е на ниво што го има и во другите европски држави, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека во моментов не се разговара за дополнителни фискални олеснувања, но тоа не значи дека нема во иднина да се дискутира.
-Мора да се внимава и на Буџетот. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна, тоа ќе се одрази на други параметри од Буџетот, рече Ковачевски на прес-конференцијата по повод првата нова инвестиција во 2023 година.