Ковачевски: Да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот.

„На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција.

Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат.

Наша цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Република Северна Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство“, наведе Ковачевски.

Слични содржини