Ковачевски: Да работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките

од Берта Китинска
150 прегледи

Започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваме заедно со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски од Софија.

-Ова е уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи.Продлабочување на соработката на двете земји преку економски, културни, образовни и младински размени, инфраструктура која поврзува, мобилност, движење, дигитализација, брз проток на информации, без застој и без пречки.Да работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничка иднина во Европската унија, вели Ковачевски.