Она што се случува пред Владата е организирано од политички партии кои се против НАТО и ЕУ. С Македонија е демократска држава, со најуредено законодавство, кажа премиерот Димитар Ковачевски кој посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на протестите кои се планирани од 19 часот вечерва пред Владата.
Тој посочи дека секој може да протестира како и он што протерстирал кога требало да се бранат правата на студентите и професорите.
-Никогаш не се случило освен еднаш и сега вторпат, да протестираат луѓе кои носат качулки кои гаѓаат по полиција, да имаме повредени полицајци. Секој може да протестира за секое прашање. Но целта, да се носат качулки, да се оди маскиран, е недозволиво за државата која го помина 27 април. Тоа не смее да се повтори. Вчера видовте дека полицијата се повлече. Овде се разговара за предлог од ЕУ. 27 земји членки, претставувани од Мишел, достави предлог за отпочнување на преговорите. Секој од нас во оваа држава е преставен преку пратениците во Собранието, без разлика од која партија се. Сите ќе ја донесеме одлуката дали сакаме преговори или не сакаме. Никому не му се криви полицајците кои стоеја зад Влада, извршувајќи ја својата должност. Не е крива ни зградата, бидејќи предлогот е дојде од 27 држави, објасни Ковачевски.