Ковачевски демантира: Не е укината помошта за лицата со Даунов синдром

од Nikola Popovski
302 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски демантира дека е укинат додатокот до 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром. Според него, се работи за чиста шпекулација и невистина.

Прво Комисијата одлучува за помош на лица кои што имаат Даунов синдром и други попречености. Оние лица само со Даунов синдром добиваат помош која што се однесува за нив, а оние што имаат и друга попреченост покрај Даунов синдром, тие добиваат дополнително. На никого ништо не му е укинато, дури Владата докажа дека лице со Даунов синдром може да учествува во работата во општествениот живот. Јас имам советник-лице со Даунов синдром кое што одлично си ја врши работата. Нема никакво укинување на помошта, кажа премиерот како одговор на новинарско прашање.

Вчера дел од медиумите објавија дека мајка на дете со Даунов синдром добила решение од Комисија за проценка за развој кај децата со посебни потреби дека нејзината ќерка нема да добива надомест бидејќи не можело да се направи целосна проценка на нејзината интелектуална способност.

Слични содржини