Ковачевски: Денес 34.000 денари е просечна плата, а минималната плата изнесува 18.000

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Социјалдемократските политики кои ги реализира Владата носат растат на платите, порача во реплика денеска од собраниската говорница претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

„Во 2012 година просечната плата била 20.000 денари, минималната плата 8.050 денари. Биле потребни 4 просечни плати за покривање на минималната кошничка во години кога нема војна и кога нема инфлација предизвикана од воени дејствија во најголемата житница во Европа.

Во 2013 година просечна плата 21 000 денари, потребни 4 просечни минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, бидејќи и тогаш е 8 050 денари минималната плата. Денес 34.000 денари е просечна плата, а минимална плата 18.000, со што ќе стане над 20 000 денари. Потребни се 2,4 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница во услови на инфлација предизвикана од војна во Украина“, рече Ковачевски.

Зборувајќи за успешните енергетски политики на Владата, Ковачевски истакна дека домашното производство на енергија е зголемено за 40 отсто во однос на предминатата година, потребите се задоволуваат од домашно производство од 83 отсто а инсталирани се 152 мегавати само за една година.

Слични содржини