Ковачевски: Денес и вчера во Брисел ни се повтори Букурешт 2008 година

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Брисел порача дека како никогаш досега постои подготвеност за проширување на ЕУ, но дека сепак се потврди дека „единствен кочничар на земјава е анти-ЕУ и анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“.

– Нашите граѓани можат да се уверат дека со овие политичари ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство и како изгледаше 2008 година. Тогаш беше во Букурешт, а вчера и денес беше во Брисел, рече Ковачевски во изјава за медиумите.

-Нека им служи на чест на сите овие партии и политичари, а на граѓаните на ум и сами да проценат кој за каква иднина за државата се бори, истакна премиерот.

-Во 2008 година имаше други ваши колеги кои беа сведоци на тоа што се случи во Букурешт, денес вие сте сведоци што се случи во Брисел и кој е виновник за таквата ситуација, им порача Ковачевски на присуните македонски новинари.

Слични содржини