Ковачевски: Денеска е важен ден за Делчево, се става крај на деценискиот проблем со чиста вода за пиење на граѓаните

од Берта Китинска
184 прегледи

Денеска е важен ден за Делчево и за нас како Влада бидејќи се става крај на деценискиот проблем со чиста вода за пиење на граѓаните. Со изградбата на пречистителната станица, каде по современи стандарди и современа технологија ќе се преработува водата за пиење, Делчево трајно го решава проблемот со квалитетот на водата за пиење и со загубите на водата, вели премиерот Димитар Ковачевски.

-Воедно, с. Габрово и с. Ѕвегор добиваат комплетно нова водоводна инсталација, а со фотоволтаичната централа која е исто така дел од проектот, делумно ќе се покријат потребите за електрична енергија за бунарите и прочистителната станица. Денес целиот ден ќе го поминам во Делчево и регионот, и навистина се радувам што тука се случува развој на повеќе полиња, вели премиерот.

Слични содржини