Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе биде домаќин на неформална средба на лидерите од регионот на Западен Балкан, што се случува пред самитот на Берлинскиот процес во Тирана планиран за октомври.
На средбата ќе присуствува и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, јавуваат албанските медиуми.
Присуството го потврдија премиерот Димитар Ковачевски, српската премиерка Ана Брнабиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто.
Поканата ја примил и косовскиот премиер Албин Курти, но не го потврдил присуството. Наместо таму, тој ќе биде присутен на меѓународен симпозиум во Грција, каде Албанија ја претставуваат невладини организации.
Како што пренесува „Albanian Daily News“, присуството го потврдил косовскиот вицепремиер Бесник Бислими, но поради протокол нема да биде возможно неговото присуство.