Ковачевски: Денеска се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени

од Nikola Popovski
449 прегледи

Од она што го слушнав и вие што го слушавте е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени. Тоа е заеднички заклучок од средбата. Ова се одлуки на сите партии, целото општество и не е процес на една Влада, туку на сите, рече премиерот Димитар Ковачвски после лидерската средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Државата е на вистински пат, а од меѓународните партнери имаме потврда за тоа, потенцира премиерот.

-Ние денес сме пример на општество што ги решило своите односи и што може да се види во извештајот на ООН каде што Охридскиот рамковен договор е наведен како договор со трајно решение во земја со разноликост. Многу пат сме го верификувале македонскиот јазик и идентитет, кажа меѓу другото Ковачевски пред новинарите.

Слични содржини