Ковачевски: Дијалогот значи и отстапки, но тешките одлуки се за подобра иднина на идните генерации

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Премиерот Ковачевски, по завршувањето на средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и по билатералните средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ, во изјава за медиумите, посочи дека е огромна чест и задоволство тоа што Република Северна Македонија е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Србија и Косово, кој го водат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, а под покровителство на Европската Унија, и со поддршка и на Соединетите Американски Држави.

Премиерот Ковачевски истакна дека на одделните билатерални средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти лично ја укажал важноста која како земја сосед на Србија и на Косово, ја посветува Северна Македонија на овој состанок, посакувајќи успех во дијалогот, потенцирал дека цврсто верува дека дијалогот е неопходен и единствен пат до решение во демократскиот свет во 21-от век.

„Местото на Западен Балкан е во Европската унија, географски, историски, политички или цивилизациски. Особено во услови на геополтички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент, ова е важно да се нагласи повеќе од било кога досега. Сите се залагаме за подобра иднина за целиот Западен Балкан, каде конфликтите и несогласувањата ќе останат во минатото.

Затоа, сакам јасно да порачам дека ние сме политичари кои носат тешки, но државнички одлуки. Никому не му е лесно во вакви ситуации, бидејќи дијалогот, значи и отстапки, но знаеме дека тие тешки одлуки се за подобра иднина на сегашните и идните генерации. Сигурен сум дека времето ќе покаже дека сме земја која секогаш била на вистинската страна на историјата, мирољубива, со добра мисла и грижа за нас, за соседите, за доброто на сите, а ќе продолжиме по истиот пат.” истакна премиерот Ковачевски во обраќањето.

Слични содржини