Директорот на Агенцијата за национална безбедност бил на службено патување во Хрватска, со сите одобренија. Со возилото управувал возач и имал обезбедување. За целиот настан постои полициски записник и се било регулирано согласно законите. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање дали е запознаен со случајот во кој директорот на АНБ Зарко Милошевски во октомври годинава со возило дадено на користење од СОЗР кај Неум во Хрватска учествувал во сообраќајна незгода и платил казна.
-Кој лаже и кому не може да му се верува, слушнавме најубаво вчера од помошникот државен секретар на Америка. И од кого, ни кола не треба да се купи и за кого не треба да се гласа, рече Ковачевски во одговорот.
По одговорот на премиерот, Јанушев посочи дека се шпекулира, односно, како што рече, дека станува збор за приватно патување.