Ковачевски: Директорот на АНБ во Хрватска беше на службено патување, има полициски записник за сообраќајката

од Vladimir Zorba

Директорот на Агенцијата за национална безбедност бил на службено патување во Хрватска, со сите одобренија. Со возилото управувал возач и имал обезбедување. За целиот настан постои полициски записник и се било регулирано согласно законите. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање дали е запознаен со случајот во кој директорот на АНБ Зарко Милошевски во октомври годинава со возило дадено на користење од СОЗР кај Неум во Хрватска учествувал во сообраќајна незгода и платил казна.

-Кој лаже и кому не може да му се верува, слушнавме најубаво вчера од помошникот државен секретар на Америка. И од кого, ни кола не треба да се купи и за кого не треба да се гласа, рече Ковачевски во одговорот.

По одговорот на премиерот, Јанушев посочи дека се шпекулира, односно, како што рече, дека станува збор за приватно патување.

Слични содржини