Ковачевски: Дневното производство на РЕК Битола е 18-19 илјади тони јаглен

од Nikola Popovski
487 прегледи

Ова што се случи во последните денови во РЕК Битола е хаварија на пожар на трафостаница. Тоа не е човечки фактор. Се случувало и ќе се случува. Наредниот ден, проблемот со Блок 1 со испад на цевка е поради технички проблеми, поради староста на капацитетот. Блок 1 не е модернизиран, информира директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во интервју за Канал 5 ТВ.

Според него, шпекулации се информациите дека има јаглен за само 2-3 дена.

-Тоа е неблагодарно за граѓаните. Не можеме да кажеме дека дневното производство во моментов во изминатите 2-3 недели ни ја надминува дневната потрошувачка. Затоа се права залихи, односно депонија. Денес дневното производство на РЕК Битола е 18-19 илјади тони јаглен. Тоа го задоволува производството и ја зголемува депонијата, потенцира Ковачевски.

Слични содржини