Ковачевски до Агатангел: Поборник сум за секуларна држава

од Nikola Popovski
323 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски не сакаше многу да ја коментира изјавата за владиката Агантангел кој пред два дена „повика Божја помош“ за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Јас сум поборник за секуларна држава и се придржувам кон секуларноста на државата. Нема да коментирам политички изјави на владика, кратко одговори Ковачевски на новинарско прашање.

За владиката Агатангел, „ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата и тој верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално“.

-Јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО ДПМНЕ се она што го дадовме и верувам дека ќе го вратиме назад, рече владиката на плоштадот во Кавадарци, по повод христијанскиот празник Свети Трифун.

 

Слични содржини