Колку што знам претходниот премиер е во државата. Претходникот на претходниот не е овде. Така да, тука имате замена на личности за кои зборувате. Секој човек кога извршува функција, треба да се придржува до етичките и морални принципи. Моето работење е исклучително транспарентно. На крајот на мандатот, во 2024, ќе има отчет за тоа што е сработено. После мојата политичка кариера, за ваша жалост, која ќе потрае, јас планирам уште да бидам тука и да се вратам на универзитетот, рече премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања.
Ковачевски се обрати до пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
-Вашата политичка партија што ги застапува вредностите и идеологијата – таа е умрена во 1990 година, најголем зло на свтската територија, пред се тоа мислам на источниот блок и голем број режими во африкански и азиски држави.
Во Југославија имаше социјалистичко уредување, а не комунистичко. Затоа сметам дека тоа што вие го застапувате е умрено. Кога ќе видиме промашена идеологија, не треба да ги чуди граѓаните за начинот на вашето однесување и комуникацијата што ја правите во Собранието и надвор, како и за протестите со молотови коктели. На тие избори за кои самите кажавте биле наместени, а добивте пратенички места, ќе ви бидат последни избори, бидејќи на наредните нема да добиете. На наредните избори, граѓаните се свесни дека ова Собрание донесе одлуки без ваши гласови, одговори Ковачевски на пратеничкото прашање од Борислав Крмов од Левица.