Ковачевски: До пред неколку месеци никој не можеше да претпостави дека германски претседател ќе ги рецитира Конески и Андреевски во Собранието

од Nikola Popovski

Сакам да се заблагодарам уште еднаш за посетата на Штајнмајер. Тоа значи за големината на Германија како држава од која зависат многу процеси во Европа. Германската држава ни помага многу и нашата економија е поврзана со германската економија. Ние имаме високо ниво на поврзаност, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Вчерашниот ден беше голем ден за нас, дециден е премиерот.

-Кој можеше да претпостави пред неколку месеци дека германски претседател во Собранието низ директен пренос, ќе ги рецитира Блаже Конески и Петре М. Андреевски. Беше многу јасно кажано дека македонскиот јазик и идентитет се добредојдени да го збогатат европскиот идентитет. Таа порака е многу силна за сите пратеници и уште еднаш ќе повторам дека не треба самите себе да се кочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ. Идните генерации заслужуваат да живеат во европска држава, но овде. Затоа уште еднаш повик до сите пратеници да гледаат напред за идните генерации за да им овозможиме иднина како што имаат генерациите на земјите-членки на ЕУ, рече Ковачевски.

Слични содржини