Ковачевски до ВМРО-ДПМНE: Ако обвинуваа дека има јаглен за само два дена, тогаш како работеше РЕК Битола во претходниот период?

од Nikola Popovski
387 прегледи

АД ЕСМ во зимските месеци го гарантира сигурното и стабилнто снабдување со електрична енергија кон домаќинствата и малите потрошувачи, информира директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски во интервју за „21 анализа“.

Во однос на стопанството и поголемите потрошувачи, Ковачевски вели дека го чувствуваат турбулентниот период на берзата, која шт оди далеку со повисоки цени од предвиденото.

-Голем број од нивните снабдувачи веќе ги откажуваат договорите и се приклучуваат кон ЕВН како снабдувачи од краен потрошувач, вели Ковачевски.

Тој ги коментираше обвинувањата на опозицијата, кои пред 20 дена соопштија дека во РЕК Битола имало јаглен за само два дена.

-Опозицијата може да обвинува колку сака. Обвинуваа пред 20 дена дека има јаглен во РЕК Битола само за два дена. Треба да ги прашате зошто шират лаги и ја заплашуваат јавноста. Како работеше во овие 20 дена РЕК Битола? На воздух, на вода? праша Ковачевски.

Слични содржини