Ковачевски: Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Виена одржа предавање на реномираната дипломатска академија (The Vienna School of International Studies), која е врвен центар на знаење од областа на меѓународните прашања и една од најстарите и најпрестижни професионални школи во светот.

Премиерот Ковачевски говореше на тема „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ”.

Осврнувајќи се на политиките што ги креира Владата, премиерот истакна дека нашата држава е носител на најпозитивните политички текови и процеси не само во Западен Балкан, туку и во Европа.

„Членството во НАТО го крена меѓународниот рејтинг на Северна Македонија како во политичка, така и во безбедносно економска и финансиска смисла. Влезот во Алијансата не беше само гаранција за мир и стабилност за Северна Македонија, туку и гарант за македонската економија, за граѓаните, за нашиот целокупен економски раст и развој”, истакна премиерот.

Членството на земјата во Алијансата ги зголемија странските директни инвестиции кои во услови на криза достигнаа рекорден историски износ од 753 милиони евра, што е највисоко ниво на странски дирекни инвестиции во земјата и двојно повеќе споредба со 2016 година.

„Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд.

Го поддржуваме и развојот на домашните компании, со рекордна исплата на 23 милиони евра државна поддршка, кон 410 компании”, истакна премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата додаде дека со решавање на спорот со Република Грција и потпишување на Преспанскиот договор, остваривме една од двете стратешки цели на државата, станавме членка на НАТО. Со тоа успеваме да обезбедиме траен мир и го зацврстивме суверенитетот на државата.

Владата предводена од СДСМ спроведува интеграциските политики, со што кпокажав силна политичка волја и искрена желба за конкретен напредок во евроинтеграциите.

Слични содржини