Ковачевски: Договорите кои денес ги потпишуваме на „Отворен Балкан“ се влог во иднината

од Берта Китинска
266 прегледи

Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот, напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски које  дел од состаноците на иницијативата „Отворен Балкан“ заедно со премиерот Зоран Заев која денеска се одржува во Тирана.

-Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан.На денешниот Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори:

Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан.

Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните.

Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност, информираше Ковачевски.