Ковачевски: Доколку ја погледнете содржината на пораките за бомби, ќе видите дека во Европа постојат две страни

од Nikola Popovski
180 прегледи

Ако ги погледнете денешните пораки за бомби во нашата земја и доколку ги споредиме со пораките со бомби во други држави како Црна Гора, се работи за скоро идентични пораки на кој начин се најавуваат бомбите. Тоа што некоја држава успеала да најде еден случај на некој што дојавувал, тоа не значи дека се најдени сите. Исто така и ние информиравме за еден граѓанин што го правеше тоа, рече премиерот Димитар Ковачевски за денешните закани со бомби што пристигнаа на адресите на неколку објекти и училишта во градовите низ Македонија.

Според него, ова што се случува кај нас е дел од тоа што се случува на територија на Украина.

-Доколку ја гледате содржината на дојавата на бомбите, многу е јасно дека во Европа постојат две страни. Едната страна која вели дека не треба државите сами да го определуваат својот демократски пат, како што и е ускратено на Украина, дека може да го нападне било кој и да бара промени на Влада и уредување и страна, каде што припаѓаме ние, која што припаѓа на демократскиот свет и страна која што е составена од држави членки или ќе станат членки на ЕУ како што ќе станеме ние, кажа Ковачевски.

Слични содржини